Connect with us

Регион

Во Хрватска нискиот водостој на реките предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода

Топлотниот бран и со долгорочна суша го намали водостојот во реките во Хрватска на историски ниски нивоа и предизвикува проблеми во енергетиката, пловидбата и снабдувањето со вода.

Во источниот дел од Хрватска реките Дунав и Драва имаат рекордно низок водостој, а има предупредување дека идните денови можно е да пресушат реките Орљава кај Пожега и Плитвица кај Вараждин.

Ниското ниво на водата во Дунав изминатите денови сериозно ја попречи пловидбата во близина на Вуковар. Некои бродови повеќе не можат да го продолжат своето патување, товарните бродови се заглавени, а најголемото речно пристаниште во Хрватска речиси и да нема сообраќај десет дена.

Нивото на водата во Дунав во близина на Вуковар се намали за 60 сантиметри, а во некои делови реката е длабока само околу 1,2 метри, поради што бродовите мора да ја намалат количината на товар или да престанат да пловат. Во близина на Ердут се насукани два товарни брода,

Поради претерано високата температура на реката Сава, нуклеарната централа Кршко од вечерва ќе го намали производството на електрична енергија за 20 проценти. Хрватската влада соопшти дека и покрај намалувањето на производството на Кршко не е во опасност снабдувањето со електрична енергија.

Хрватскиот Државниот хидрометеоролошки завод издаде црвено предупредување за цела Хрватска за денеска и утре поради екстремно високите температури. За утре во источниот дел на земјата се најавуваат температури до 42 степени Целзиусови.