Connect with us

Архива

Во Албанија по налог на СПАК годинава запеленет имот вреден 440 милиони евра

Специјалното обвинтелство против корупција и организиран крминал на Албанија (СПАК) објави дека во периодот од јануари до средината на јули годинава, во рамките на пет кривични постапки, судот изрекол превентивни мерки за заплена на имот чија вредност се проценува на околу 440 милиони евра, стекнат од незаконски активности.

– Имотот врз кој е изречена мерката за заплена вклучува над 150.000 квадратни метри земјиште, парцели и шуми, над 60 вили, станови и хотелски објекти, повеќе од 10 комерцијални компании, заедно со нивните капитални удели и средства, повеќе од 620 банкарски сметки, околу 100 возила и пловила. Според СПАК, превентивната мерка за заплена не претставува конечна конфискација, изјави првиот човек на СПАК, Клодиан Брахо.

Тој додаде дека  СПАК истражувал 13 кривични постапки во кои биле вклучени 16 високи функционери или поранешни функционери и раководители на институции.

– Меѓу лицата вклучени во овие истраги се пет градоначалници или поранешни градоначалници, исто толку раководители или поранешни раководители на централни институции, тројца судии, поранешни судии или обвинители, двајца министри или поранешни министри и еден пратеник во парламентот, додаде Брахо.

СПАК објави дека испратил 34 нови случаи на судење со 228 обвинети. Во споредба со истиот период во 2025 година, бројот на случаи испратени на судење се зголемил за 41,7 отсто, од 24 на 34 случаи.