Регион
Вучиќ: Парламентарни избори во Србија ќе има во октомври или ноември
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, денеска изјави дека парламентарните избори во земјата ќе се одржат пред крајот на годината – во октомври или ноември, додека изборите за шеф на државата ќе се одржат малку подоцна.
„Не можам сам да го направам тоа. Откако владата ќе го информира парламентот, ги распишувам изборите“, рече Вучиќ, одговарајќи на прашањето кога ќе се одржат изборите.
„Изборите ќе се одржат во октомври или ноември, што би значело дека ќе бидат распишани во септември или октомври“, рече Вучиќ.
јули 25, 2026
