Connect with us

Регион

Рама предупреди дека околу проектот Зврнец има брутално странско мешање, вклучително и ширење на безброј манипулации и лаги

Албанскиот премиер Еди Рама денеска предупреди на „брутално странско мешање, вклучително и ширење на безброј манипулации, лажни вести и видеа што ги искривуваат фактите“, што, според него, го зголемува гневот на демонстрантите против проектот за изградба во регионот Зварнец на јужниот албански брег, јави АТА.

На денешниот заеднички состанок на парламентарната група на неговата партија и кабинетот на албанската влада, Рама нагласи дека во моментов постои сериозно несовпаѓање помеѓу ставовите на владејачката партија и граѓаните на Албанија.

-Ние на врвот ги имаме фактите, луѓето долу имаат искуство. За нас е факт дека инвестицијата во Зврнец е на приватно земјиште, а нивното искуство покажува дека државно земјиште се продава на странци. За нас е факт дека проектот е се уште во рацете на тим архитекти, инженери, геолози и хидролози, меѓу најдобрите во светот. Нивното искуство покажува дека изградбата е започната и проектот мора да се откаже, рече тој.

Коментирајќи ги тековните протести против проектот, кои се одржуваат секојдневно од 31 мај и кои вчера доведоа до сериозни судири меѓу полицијата и демонстрантите, Рама нагласи дека ескалацијата на тензиите, според него, е поврзана со „брутално странско мешање, вклучително и ширење на безброј манипулации, лажни вести и видеа што ги искривуваат фактите“.

„Разоткривањето на ова мешање и неговата анализа се неопходни за да се разберат сите димензии на овој протест“, додаде тој.

Рама презентираше и нов документ насловен „Беса“ што предвидува промена во политиката на албанската влада, вклучително и интеграција на барањата на демонстрантите во нејзините политики, спроведување на нова политика поврзана со емпатија и директен дијалог со граѓаните, како и значајни промени во државната администрација насочени кон подобрување на нејзината работа и елиминирање на корумпираниот и неефикасен персонал. Документот ги опишува тековните протести како „огледало во кое владата мора да ги види сопствените грешки“.

„Битката повеќе не е меѓу владата и граѓаните. Таа е меѓу оние кои сакаат пофер и посигурна Албанија и оние кои сметаат дека е потребно да имаат поделена Албанија без доверба во државата“, истакна Рама на презентацијата на документот.

Тој уште со порака дека четвртиот мандат што ќе го добијат ќе ја направат измената на Албанија во постабилна и подоверлива.