Connect with us

Свет

Зеленски го назначи генерал мајор Игор Скибјук за началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го назначи генерал мајор Игор Скибјук на функцијата началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина.

„Заедно со Михаило Драпати и Евгениј Хмар, утврдивме дека новиот началник на Генералштабот на вооружените сили на Украина ќе биде генерал-мајор Игор Скибјук, многу искусен војник со кого новиот врховен командант ја бранеше Украина рамо до рамо“, напиша Зеленски на својот профил на Икс.

Претходната вечер, Зеленски го назначи генерал мајор Михаило Драпати за нов врховен командант на украинската армија, откако од функцијата го отстрани Олександр Сирски.

Ad
Ad