Регион
Невремето во Албанија причини материјална штета, во надминување на проблем загина електричар
Силното невреме, проследено со обилен дожд, силен ветер и грмотевици, синоќа, поизразено, го зафати подрачјето на Валона, Химара и Саранда, на албанското крајбрежје.
Ветерот оштетил покриви на објекти, има паднати дрвја, но поголеми проблеми се причинети во напојувањето со електрична енергија.
Во надминување на овој проблем во Химара, околу четири часот утрово, животот го загубил 55- годишен електричар, кој паднал од столб висок девет метри. Тој бил од Елбасан но со група вработени во Електродистрибуција биле на испомош во Химара.
Во Валона, по должината на шеталиштето Лунгомара, силниот ветер носел пред себе лежалки, масички и столчиња од кафулињата од брегот кон шеталиштето, отежнувајќи го движењето.
Од друга страна дождот ги изгаснал пожарите кои беснеела во овој дел на земјата.
јули 23, 2026


