Connect with us

Свет

Невремето во Чиле однесе 13 животи, седум лица се водат како исчезнати

Обилните дождови што зафатија голем дел од Чиле однесоа 13 животи, а седум лица се водат како исчезнати.

Невремето што го погоди подрачјето од централниот до јужниот дел на земјата предизвикува поплави, прекини во сообраќајот и голема материјална штета на инфраструктурата.

Според податоците на чилеанската Служба за вонредни ситуации, 2.281 лице било принудено да ги напушти своите домови, 81 куќа е целосно уништена, а 2.761 објект е тешко оштетен. Без електрична енергија останале околу 87 илјади жители.

Властите предупредија дека поради продолжените интензивни врнежи и понатаму постои опасност од зголемување на нивото на реките.

Министерот за внатрешни работи, Клаудио Алварадо, изјави дека Владата планира да покрене постапки против компаниите за дистрибуција на електрична енергија поради доцнењето во обновувањето на снабдувањето.

Поради лошите временски услови, наставата е прекината во училиштата во повеќе општини во четири региони, а привремено се намалени и дел од дел од рударските активности во засегнатите региони. 

Ad
Ad