Connect with us

Регион

Вучиќ ги повика политичките противници на дијалог пред предвремените избори

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска ги повика своите политички противници и сите граѓани на Србија на дијалог пред одржувањето на најавените предвремени парламентарни избори.

– Многупати ги повикав сите наши политички противници и сите граѓани на Србија на дијалог. Речиси никогаш не се одзваа оние што беа поканети. Сега, кога изборите се наближуваат, повторно ја користам можноста да повикам на разговор, бидејќи сакам да создадам што е можно подобри демократски услови и да обезбедам безбедно пренесување на власта – изјави Вучиќ во видеообраќање објавено на неговиот профил на Инстаграм.

Српскиот претседател неодамна најави дека ќе се повлече од функцијата шеф на државата и ќе се кандидира за премиер, а изборите за новиот состав на парламентот би можеле да се одржат до декември 2026 година.

Според српскиот Устав, Вучиќ е единствениот што има овластување да распише предвремени парламентарни избори, но засега сè уште нема одредено датум за нивно одржување.

На крајот на јуни тој соопшти дека во рок од неколку недели ќе поднесе оставка од претседателската функција и ќе ја предводи кандидатската листа за пратеници на владејачката Српска напредна партија, чиј основач е.

Ad
Ad