Фудбал
Салах ќе ја продолжи кариерата во европски клуб
Капитенот на репрезентацијата на Египет, Мохамед Салах по девет години во Ливерпул донесе одлука кариерата да ја продолжи во европски клуб. 34-годишниот Салах би требало да го облече дресот на Бешикташ. Договорот треба да биде на една година и да биде вреден 10 милиони евра дополнителни два милиона како бонус.
Клубот од Истанбул беше подготвен и за повеќе пари, но Салах сам решил да ги намали побарувањата, а клубот таа сума да ја вложува за други засилувања.
Член на Бешикташ од летово е и играчот на Арсенал Леандро Тросард, а меѓу желбите е српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ.
Салах за Ливерпул одигра 442 натпревара постигна 257 голови со 123 асистенции. Пора во Ливерпул, Салах настапуваше за Рома, Челзи, Фиорентина, Базел, а кариерата ја почна во Ал-Мокавлон.
јули 18, 2026

