Connect with us

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: Монтираниот случај на Венко Заев и Ленче Ристоска од поранешното СЈО кон ВМРО-ДПМНЕ конечно падна и правдата е задоволена

Политичкиот прогон на поранешната власт на Венко Заев и корумпираното СЈО на чело со Катица Јанева која заврши зад решетки и нејзината партнерка Ленче Ристоска кон ВМРО-ДПМНЕ го доби крајниот епилог, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.

Ленче имаше 7 години да го реши случајот, напротив го затрупа во политички окови.

Правдата конечно е задоволена, а се докажа дека овој случај не е ништо повеќе од политички монтиран случај кој своевремено имаше други цели, а тоа беше прогон врз функционери на ВМРО-ДПМНЕ за промена на името.

СДС може секојдневно да држи прес-конференции за некаква си контрола на судството, но граѓаните паметат кој беше алфа и омега во судството и кој влијаел и директно посочувал кој да биде прогонуван во судски постапки и тоа ќе остане во колективната меморија на граѓаните.

Ad
Ad