Вести
МВР му поднесе кривична пријава на таткото на девојката од Куманово која молеше да го сместат во психијатриска болница
СВР Куманово поднесе кривична пријава против П.Ц. (56) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“ по член 144, став 3 од КЗ. Пријавениот, подолг временски период, под дејство на алкохол, вршел психичко и физичко насилство врз членовите од неговото семејство, а на 11.07.2026 година психички ја малтретирал својата сопруга и се обидел физички да ја нападне. П.Ц. е пренесен во Психијатриската болница Демир Хисар.
јули 15, 2026


