Политика
Филипче: Македонија и Франција ги поврзуваат силно пријателство
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, синоќа присуствуваше на свечениот прием по повод Националниот празник на Франција – 14 Јули, организиран од Француската амбасада и амбасадорот Кристоф Ле Риголер.
– Ми беше чест вечерва да присуствувам на приемот по повод Националниот празник на Франција, организиран од Амбасадата на Франција во Скопје и Н.Е. амбасадорот Кристоф Ле Риголер. Македонија и Франција ги поврзуваат силно пријателство, блиска соработка и заедничка посветеност на европските вредности. Честит 14 Јули – Националниот празник на Франција! – објави Филипче на Фејсбук.
јули 15, 2026

