Вести
По интервјуто на неговата сопруга: Запален автомобилот на судијата Ѓоко Ристов
При пожар во општина Карпош, оштетени биле неколку возила и деловен објект, информираа попладнево од Министерството за внатрешни работи.
– Денеска околу 2:50 часот во Секторот за внатрешни работи – Скопје е пријавено дека на територија на Карпош, било опожарено патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Ѓ.Р.. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „фолксваген туран“, сопственост на Д.М., патничко возило „сангјонг“, сопственост на С.С. и деловен објект, сопственост на Г.Л. – соопштија од МВР.
Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита – Скопје.
Извршен бил увид од СВР – Скопје и се преземале мерки за расчистување на случајот.
јули 14, 2026

