Connect with us

Политика

ПОДЕМ одбележа 18 години постоење

Партијата на обединети демократи на Македонија (ПОДЕМ) денес свечено го одбележа 18-годишниот јубилеј од своето основање, под мотото „Искуство. Визија. Одговорност.“, во присуство на основачите, членовите, претседателите на општинските организации, коалициските партнери и бројни гости, пишува во денешното соопштение, што МИА го пренесува интегрално.

Во своето обраќање, претседателот на ПОДЕМ, проф. д-р Живко Јанкулоски, истакна дека изминатите осумнаесет години претставуваат период во кој ПОДЕМ изгради препознатлив политички идентитет, заснован врз знаење, чесност, умереност и одговорност.

„ПОДЕМ никогаш не беше формиран само како политичка партија, туку како идеја дека Македонија може да се развива преку стручност, визија и посветена работа. Денес сме горди што таа идеја продолжува да живее и да се развива“, истакна Јанкулоски.

Тој нагласи дека ПОДЕМ денес е активен партнер во владејачката коалиција и дека неговите кадри придонесуваат во креирањето на економските политики, развојот на конкурентното земјоделство, јакнењето на локалната самоуправа и унапредувањето на институционалниот капацитет на државата.

Во своето обраќање, претседателот на ПОДЕМ се осврна и на идните приоритети на партијата, најавувајќи дека претстојниот Петти конгрес ќе отвори ново поглавје во нејзиниот развој, со фокус на организациско зајакнување, нови политики и понатамошно меѓународно позиционирање во европскиот политички простор.

На присутните им се обрати и генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој го честиташе значајниот јубилеј и ја истакна улогата на ПОДЕМ како стабилен и доверлив коалициски партнер. Тој нагласи дека заедничката определба за реформи, економски развој, силни институции и подобар животен стандард останува основа на партнерството и во периодот што следува.

Свеченоста заврши со роденденска здравица и коктел, а од ПОДЕМ порачаа дека и во иднина ќе останат доследни на својата програмска определба – да придонесуваат за развојот на Република Македонија преку одговорни политики, стручност и работа во интерес на граѓаните.

Ad
Ad