Connect with us

Фудбал

Дибала продолжува со Рома

Екипата на Рома потврди дека Паоло Дибала потпиша нов договор со клубот и ќе остане член до 30.јуни 2027 година. Аргентинецот беше слободен играч, откако претходно договор со Рома му истече на 30.јуни, но сепак искусниот напаѓач и клубот се договорија да ја продолжат соработката.

Според италијанските медиуми Дибала се согласил на намалување на платата за да остане дел од Рома.

Новиот договор од една сезона е без опција за продолжување, а фудбалерот ќе заработува нешто под три милиони евра годишно со бонуси. Претходно Дибала со нето-плата од осум милиони евра беше најплатен играч на Рома.

Дибала дресот на Рома го носи од летото 2022 година, а за периодот минат во Рома одигра 139 натпревари и постигна 45 голови и воедно се промовираше во лидер на тимот на теренот и надвор од него.

Ad
Ad