Фудбал
СП 2026: Германската федерација задоволна од првата рунда разговори со Клоп
Германската фудбалска асоцијација ги заврши првите разговори со тренерот Јирген Клоп во Њујорк и е уверена во договор за негово преземање на националниот тим. Разговорите се водеа во саботата во Њујорк каде се наоѓа Клоп, кој е стручен коментатор за германската телевизија „Магента ТВ“ за време на траењето на Светското првенство. Клоп воедно е и глобален раководител на фудбалскиот тим на Ред Бул.
Поразот на Германија од Парагвај на пенали во осминафиналето значи дека трето Светско првенство четирикратните шампиони се соочуваат со рана елиминација по 2018 и 2022 година, а последен пат беа прваци на Мундијалот во Бразил 2014 година.
Јирген Клоп важи за еден од најуспешните германски клупски тренери каде има освоено пехари со Борусија Дортмунд, а мина и девет сезони во Ливерпул, каде освои титули во Премиер лигата и Лигата на шампионите.
јули 13, 2026


