Connect with us

Политика

Стојаноски: Македонија со најниска инфлација во регионот – владините економски мерки даваат резултати

И покрај глобалните економски предизвици и новите притисоци предизвикани од случувањата на светските пазари на енергенси, Македонија успева да ја одржи ценовната стабилност, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Според последните податоци на Државниот завод за статистика, годишната инфлација во јуни изнесува 3,4 проценти, а во однос на мај е забележано намалување од 0,5 проценти.

Особено значајно е што инфлацијата кај храната и безалкохолните пијалаци изнесува само 2,5 проценти, а кај облеката и обувките 2,1 процент. Тоа се категориите кои најдиректно влијаат врз животниот стандард на граѓаните и токму затоа овие бројки се најдобар показател дека мерките даваат резултати.

Во исто време, Македонија има најниска инфлација во регионот меѓу земјите кои досега ги објавија податоците за месец јуни.