Connect with us

Регион

Грчки воен авион Ф-16 принудно слета на островот Закинтос

Поради дефект, авион Ф-16 на грчкото воено воздухопловство принудно слетал на аеродромот на островот Закинтос, а пилотот е неповреден и во добра здравствена состојба, јави дописничката на МИА од Атина.

Од Генералштабот на грчкото воено воздухопловство соопштија дека авионот бил дел од лет за обука, а се истражуваат причините за дефектот.

Државната телевизија ЕРТ објави дека воениот авион слетал без да се отворат тркалата за слетување и се лизгал по пистата што поради триењето предизвикало пожар што веднаш бил изгасен од противпожарните сили на аеродромот.

Ad
Ad