Connect with us

Економија

Стоилковиќ оствари работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора

Вицепремиерот и министер за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, денеска оствари работна средба со претставници на Кинеско-македонската стопанска комора, предводени од нејзиниот претседател Жаолонг Шао, на која се разговараше за унапредување на економската соработка меѓу Македонија и Кина.

На средбата, како што соопштија од Кабинет на Стоилковиќ, се разговарало и за улогата што Кинеско-македонската стопанска комора може да ја има во поврзувањето на деловните заедници и поттикнувањето на нови иницијативи од заемен интерес.

Во конструктивна атмосфера, соговорниците го поздравиле формирањето на Кинеско-македонската стопанска комора, оценувајќи дека таа ќе претставува значаен механизам за развој на економските релации и создавање нови можности за соработка меѓу компаниите од Македонија и Кина.

Соговорниците оцениле дека традиционално добрите односи меѓу двете земји, а кои се темелат на меѓусебно почитување, доверба и пријателство, претставуваат цврста основа за понатамошно продлабочување на соработката во повеќе области, особено во економијата, инвестициите и трговската размена.

Потпретседателот Стоилковиќ ја поздравил иницијативата за формирање на Кинеско-македонската стопанска комора и изразил подготвеност за поддршка на сите активности кои придонесуваат за јакнење на економските врски, зголемување на трговската размена и создавање поволна клима за нови инвестиции и деловни партнерства.

Ad
Ad