Вести
Почна и веднаш се одложи судењето на серискиот убиец од Куманово: Aдвокатот му откажа оти не призна вина, како што му советувал
Во Основниот суд во Куманово денеска почна судењето против 25 годишниот Трајче Бојковски, од општина Старо Нагоричане. Обвинетиот овчар денеска беше спроведен во Основниот суд Куманово од затвор Куманово. Судијата Мирсад Суроји го праша за основни податоци, обвинетиот гледаше кон таванот, во еден момент се смешкаше. Судијата даде пауза, по што обвинетиот одговори и го потврди идентитетот. На судењето присуствуваа смејеставата и бранителите на оштетените жртви, адвокатот на обвинетиот, пренесува МИА.
Во воведниот збор, обвинителот Љубомир Лапе најави дека во текот на доказната постапка ќе докажува дека обвинетиот ги сторил делата што му се ставаат на товар, посочувајќи дека доминантен мотив за била некрофилија. Тој кажа дека ваков случај нема во македонската и југословенската праска.
– Ќе бидат изведени докази од кои ќе се утврдат факти и елементи на кривичните дела, записниците од ексхумациите, во корелација со обдукциските наоди, ќе се утврдува начинот на извршување на делата, додека од судско-психијатриското вештачење и останатите докази ќе се утврдуваат мотивите, биле движечка сила обвинетиот за извршување на делата -рече Лапе.
Тој најави дека ќе бидат сослушани и преживеаните. Како што истакна во воведниот збор, доказната постапка ќе биде целина, и ќе докаже дека обвинетиот напаѓал жени, немоќни, стари, заспани, влегувал во нивните домови физички ги напаѓал, го давел.
– Откако ќе ги усмртил, обвинетиот вршел полова пенетрација врз телата на починатите жртви – рече Лапе.
Тој во текот на расправата ги изведе материјалните докази, а во изјавата за медиумите најави дека ќе бидат изведени и вербални.
– Подготвувајќи се за ова судење во фаза на истрага проучував судска пракса од бивша Југославија навака. Да, имало неколку сериски убијци, но доминантен мотив за сторување на делата била некрофилијата. Во светска пракса има неколку такви случаи кои ги анализиравме и искористивме за да се постави обвинението и теоријата на случај во овој предмет – изјави Лапе.
Повтори дека има докази и корелација од обдукциските наоди и судско-психјатрискот вештачење и предложени се двете оштетени кои преживеале, посочувајќи дека и повредите кореспондираат.
– Не би можел да одговарам на прашањето (дали има признание од обвинетиот), сè додека во процесна смисла доказите не бидат изведени пред судот. Бевте сведоци дека бранителот го откажа полномоштвото во процесна смисла значи дека ќе има нов бранител којшто постои можност да го оспорува и да изнесува-предлага неговото вештачење. Додека овој дел од постапката не биде расчистен не би избрзувал со изјави – рече Лапе.
Во однос на предметот за пријавите за двајцата инволвирани доктори, Лапе кажа дека ЈО Куманово оформи предмет, прибавил докази, СВР поднесе пријава која е доставено до Вишото Јавно Обвинителство Скопје, заради пренесување на месната надлежност на друго ЈО.
Адвокатот на обвинетиот, Драган Трајковиќ, кажа дека обвинетиот не го прифатил неговиот совет да признае вина на првото рочиште.
– Сметам дека моите правни услуги повеќе нема да му се од корист и го откажав полномоштвото – рече адвокатот.
Застапник на една од починатите, една од ексхумираните, адвокатката Драгана Илиевска Тодоровиќ, рече дека очекувала обвинетиот да признае вина.
– Бевме во шок, бидејќи не призна вина. Имаше и совет од бранителот. Сега е доказна постапка, оттука ќе видиме како ќе се одвива. Сите се повикани – рече адвокатката.
Адвокатот застапува две семејства оштетени на две жртви, Александар Симоновски, кажа дека продолжува редовниот тек со изведување докази од обвинителството.
– Очекуваме судот да донесе правилна и законита одлука, со оглед на начинот на извршување на делата како што се опишани во обвинителниот акт станува збор за суров начин на извршување на делата и очекувам максимална казна. Во однос на другата постапка, очигледно е дека имало пропусти во самиот систем, така што да било спречено првото, можеби ни биле спречени и останатите. Меѓутоа за ѓал тоа не е така. Има друга постапка против двајца доктори, немам информации затоа постапка – рече Симоновски.
Адвокатите на оштетените кажаа дека ќе побараат и оштета во граѓанска постапка
Според обвинението на Основното јавно обвинителство Куманово, Бојковски се товари за четири кривични дела убиство и два обида за убиство, квалификувани согласно член 123 од Кривичниот законик. Бидејќи, според обвинението, со умисла лишил од живот повеќе лица, за овие дела е предвидена казна затвор од најмалку десет години или доживотен затвор.
Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди во периодот од јануари 2025 до февруари 2026 година. Мета на нападите, според обвинението, биле претежно повозрасни и немоќни жени кои живееле сами.
Првото убиство, според обвинението, било извршено ноќта меѓу 5 и 6 јануари 2025 година во селото Клечовце. Второто се случило во периодот меѓу 5 и 7 јуни 2025 година во селото Драгоманце.
Во обвинението се опфатени и два обида за убиство во селото Челопек. Првиот е од 22 јули 2025 година, кога жената успеала да повика помош и да го спречи напаѓачот, по што тој избегал. Вториот обид, според обвинителството, се случил на 9 февруари 2026 година, кога обвинетиот се откажал од намерата и побегнал.
На товар на Бојковски му се ставаат и убиството на жена во Старо Нагоричане во јануари 2026 година, како и убиството на повозрасна жена во Челопек во февруари истата година.
Судењето продолжува на 31 август.
јули 9, 2026


