Connect with us

Фудбал

Ипсвич плати 24 милиони фунти за Емерсон и го урна клупскиот рекорд

Англискиот фудбалски прволигаш Ипсвич го урна клупскиот трансфер рекорд и го ангажираше бразилскиот напаѓач Емерсон како најскапо засилување во историјата на клубот по враќањето во Премиер лигата.
Дваесетиедногодишниот Бразилец потпиша петгодишен договор, и иако клубот не ги објави финансиските детали за трансферот, британските медиуми објавија дека Ипсвич му платил отштета на француски Тулуз во износ од околу 24 милиони фунти.
Емерсон, кој е поранешен младински репрезентативец на Бразил, постигна шест голови за Тулуз минатата сезона, откако пристигна од турското првенство во септември 2025 година.
Неговата пазарна вредност се зголеми осум пати во текот на десетте месеци поминати во францускиот прволигаш.

Ad
Ad