Регион
Флотата на албанската полиција подновена со мотоцикли набавени од конфискуван имот
Албанската полиција се поднови со неколку десетина мотоцикли, набавени од конфискуван имот, стекнат од криминални активности.
На попладневната церемонија на предавањето, министерот за внатрешни работи, Бесфорт Ламалари, рече дека мотоциклите ќе ги користат сообраќајната полиција и специјалните полициски сили „Шќипоња“.
– Овие мотоцикли не се набавени со пари на даночниците, туку од конфискуван имот стекнат од криминални активности, преку Агенцијата за одземен имот. Оваа инвестиција е конкретен доказ за начинот на кој државата ги враќа средствата стекнати од криминал во општеството, рече меѓу другото Ламалари.
Потоа министерот им се обрати на службениците на државната полиција, заблагодарувајќи им се за професионализмот и воздржаноста покажани за време на протестите кои се одржуваат во Тирана повеќе од еден месец.
На крајот од своето обраќање ја изрази целосната поддршка на Министерството за внатрешни работи и Владата за службениците на државната полиција.
јули 8, 2026

