Фудбал
СП 2026: Нови пресметки за четвртфинале
На половина од осминафиналната фаза на Светското првенство се случи и едно големо изненадување, елиминацијата на Бразил, а секако со големо внимание токму поради тоа ќе се очекуваат и другите четири осминафинални дуели. Денешната програма нуди еден екстра квалитетен натпревар на европски репрезентации и секако натпревар на домаќинот САД.
Европа сигурно ќе има уште еден четвртфиналист бидејќи вечерва во Далас играат Португалија и Шпанија. Кристијано Роналдо најверојатно за последен пат ја предводи Португалија на големо натпреварување. Тимот игра со надеж дека ќе успеат да стигнат што е можно подалеку на шампионатот, но екипата е сплотена и од причина што нивниот репрезентативен колега Диого Жота, лани во овој период од годината го загуби животот во сообраќајна несреќа, едноставно играат и за него и тоа како да им дава дополнителна сила. Шпанците пак од натпревар во натпревар ја креваат формата, делуваат се посигурно и нема да биде изненадување ако успеат да наметната игра да стигнат и до следната рунда. Натпреварот се игра во Далас со почеток во 21 часот.
Големо внимание привлекува и дуелот меѓу домаќинот САД (Мексико и Канада се веќе елиминирани) и Белгија. Американците имаат големи амбиции, но патот до финалето е исклучително тежок. Сепак работите им одат во прилог како тоа дека исклучениот играч од дуелот со БиХ Фоларин Балогун од ФИФА доби прави да настапи, иако според правилата за директен црвен картон автоматски следува еден натпревар суспензија. Ова за тимот на селекторот на САД, Маурицио Покетино ќе биде исклучително позитивно особено што Балогун е најдобриот напаѓач. Белгија веднаш реагираше со приговор, но барем засега останува дека играчот може да настапи. На белгискиот тим му останува да се подготви на многу работи, покрај фудбалската игра, ако сака да се избори за уште едно европски четвртфинале.
Победниците од денешните натпревари САД/Белгија и Португалија/Шпанија ќе играат во четвртфиналето на 10.јули во Лос Анџелес.
јули 6, 2026


