Политика
Манасиевски: Левичарите од Тему на чело со Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни
Левичарите од Тему на чело со Димитар Апасиев алчни за пари го блокираат Изборниот законик за да се претстават како тврдокорни, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Иако со консенсуз од сите политички партии беше прифатено она што Димитар Апасиев и Левица го бараа, а тоа е повеќе пари за финансирање на кампањата од Буџетот, левичарите од Тему денес тој договор го поништуваат.
Пред граѓаните велат дека проблемот е во тоа што изборниот модел треба да биде со една изборна единица, нешто што и ние го поддржуваме, а зад завесата впрочем ги интересираат само пари.
Да биде кристално јасно за граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ ги прифати сите барања на политичката партија Левица за новиот Изборен законик, а тие наместо еднаш да се покажат дека можат да стојат на договорот, односно на договореното, одбија да го потпишат консензуалниот договор за новиот Изборен законик, а по тоа и го блокираат заедно со СДС.
Ваквите плитки ПР политики кои ги тераат Левица и Димитар Апасиев се прочитани од граѓаните, а тоа може директно и да се види и по анкетите. Поддршката за лажните левичари од Тему граѓаните не ја даваат.
јули 6, 2026


