Connect with us

Фудбал

Флорент Рамадани се врати во Шкендија

Четири дена пред својот воведен натпревар во Конференциската лига на УЕФА, македонскиот вицешампион Шкендија ги засили денеска редовите со фудбалерот од средниот ред Флорент Рамадани.

Дваесетипетгодишниот Рамадани се враќа во својот матичен клуб, откако изминатите шест месеци настапуваше за косовскиот прволигаш Дрита со кој ја освои шампионската титула.

Рамадани, како што е соопштено, стави потпис на двегодишен договор.

„Заемната желба на клубот и играчот повторно да соработуваат го направи договорот многу лесен за постигнување. Флорент Рамадани денеска ќе му се приклучи на тимот“, објави тетовскиот клуб.

По историскиот успех минатата сезона и пласманот во групната фаза во Конференциската лига, Шкендија ја започнува новата сезона во третото по ранг европско клупско натпреварување в четврток на гостински терен против Европа од Гибралтар.

Реваншот е закажан за 16 јули на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Ad
Ad