Connect with us

Регион

Спасувачка акција во близина на грчкиот остров Самос за пронаоѓање на евентуално исчезнати мигранти

Спасувачка акција за пронаоѓање на евентуално исчезнати мигранти, веројатно три лица во морскиот дел северно од островот Самос, спроведува грчката крајбрежна служба, откако претходно крајбрежната служба на Турција спасила 34 лица, кои побарале помош, јави дописничката на МИА од Атина.

Од крајбрежната служба на Грција соопштија опсежната операција за пребарување и спасување е во тек од вчера попладне, започнала по добиен повик на европскиот број за итни случаи „112“ дека чамец со голем број лица е во опасност.

Веднаш имало координација меѓу грчката и турската крајбрежна служба преку постојните канали за комуникација, „со цел итна заштита на човечкиот живот на море“, по што турски патролен брод се приближил до областа и спасил 34 странски државјани, кои се наоѓаа во тешка положба.

Подоцна, грчката крајбрежна служба била информирана од турските колеги дека можно е три лица да се исчезнати и веднаш започна широка операција за пребарување и спасување.

Вклучени биле патролен брод, кој открил полупотонат гумен чамец без патници, брод за пловидба на отворено море на крајбрежната служба, приватен чамец на грчката спасувачка организација од Самос, како и хеликоптер на военото воздухопловство, додека пак паралелно акција била спроведена и на копно.

Досега резултатите од пребарувањата не донеле резултат, а акцијата продолжува. 

Ad
Ad