Регион
Пожарот во близина на Неа Каликратија на Халкидики ставен под контрола
Под контрола е ставен пожарот што попладнево избувна во близина на Неа Каликратија на Халкидики, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до сите оние кои се наоѓаат во местата Амбелакија и Кипуполи да се евакуираат, јави дописничката на МИА од Атина.
Во справувањето со огнената стихија, што беше во непосредна близина на домови, интервенираа 45 пожарникари со два пешадиски тима и 12 возила, помагаа волонтери и цистерни од периферијата, а од воздух се гаснеше со пет авиони и три хеликоптери.
Кусо пред 18 часот до жителите и оние кои се во близина на пожарот беше испратена порака од 112 да бидат во состојба на готовност, а 20 минути подоцна од оние кои се во Кипуполи и Амбелакија да се оддалечат кон Неа Каликратија.
Превентивно, противпожарен брод патролира долж крајбрежјето.
јули 5, 2026

