Connect with us

Фудбал

Клоп: Подготвен сум да бидам германски селектор

Трофејниот германски фудбалски стратег Јирген Клоп (59) потврди денеска дека е во преговори со Германската фудбалска федерација (ДФБ) за преземање на селекторската должност, две години откако е без тренерски ангажман.

Откако Јулијан Нагелсман пред четири дена поднесе оставка на селекторската должност по елиминацијата на Германија на Светското првенство во осминафиналето од Парагвај, Клоп стана главен кандидат за негов наследник.

„Јулијан поднесе оставка, Федерацијата работи на избор на наследник и во тие рамни ме контактираа. Пред околу две години, ја завршив работата во Ливерпул бидејќи немав енергија за нов предизвик или за уште една сезона. Во меѓувреме, целосно се одморив и сум подготвен, изјави Клоп за Магента ТВ, за која работи како коментатор за време на Светското првенство.

Клоп ја почна својата тренерска кариера во 2001 година во Мајнц, клубот во кој ја заврши кариерата како фудбалер, а успешните резултати со тој клуб му обезбедија работа во Борусија Дортмунд, која ја водеше од 2008 до 2015 година. Во тој период, Клоп освои две титули во германскиот шампионат, еден Куп на Германија и стигна до финалето на Лигата на шампиони во 2013 година.

Потоа се пресели во Ливерпул, со кој за девет години освои една титула во англискиот шампионат, еден ФА Куп, како и Лигата на шампиони (2019), а уште два пати играше во финалето на елитното клупско натпреварување, во2018 и 2022

Ad
Ad