Вести
Санитарниот инспекторат забрани дејност во прилепска кетеринг-фирма и во мензата во компанијата во која се затруле 41 вработен
Државниот санитарен и здравствен инспеторат издаде забрана за вршење дејност во прилепската кетеринг-фирма „Рустика“ и во мензата на компанијарта „Микросам“ во врска со случајот на труење со храна, при што 41 вработен во компанијата „Микросам“ по оброкот покажале симптоми на труење.
Инспекторатот заедно со прилепскиот Центар за јавно здравје со Институтот за јавно здравје и со Агенцијата за храна и ветеринарство изврши вонреден надзор.
– По известувањето од Центарот за јавно здравје од Прилеп по пријави за заболување со знаци на труење првоин кај 17 вработени во компанијата „Микросам“, активиран е Националниот протокол за постапување на надлежните институции при сомневање и појава на елементарни инспекции и интоксикации. Инспекцискиот надзор е извршен на две локации, во ДПТУ РУСТУКА ВЕДИНГ ХОЛ ДООЕЛ и во мензата во склоп на фабриката ДЕДЛ МИКРОСАМ ДОО, и двете во Прилеп. Издадено е усно решение на записник за забрана на вршење дејност во објектот на „Рустика“ и на мензата во „Микросам“. Забраната ќе трае до добивањето негативни наоди од лабараториското испитување на земените примероци и извршените препорачани противепидемиски мерки – стои во соопштението од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.
Од Инспекторатот соопштуваат и дека на двете локации не биле констатирани санитарно-технички и санитарно-хигиенски недостатоци.
Од прилепскиот Центар за јавно здравје информираа дека од 61, 41 вработен во прилепската компанија добиле симптоми на труење со храна по оброкот во првата смена во понеделникот. Сите добиле средна клиничка слика и нема хоспитализирани, туку по терапијата, тие се упатени на домашно лекување.
Во Центарот за јавно здравје ги чекаат резултатите за видот и начинот на труењето.
јули 3, 2026

