Фудбал
Мароканецот Саибари во Баерн
Германскиот фудбалски шампион Баерн Минхен потврди дека го ангажирал мароканскиот репрезентативен напаѓач Исмаел Саибари (25).
Мароканскиот репрезентативец доаѓа во Баерн од редовите на холандски ПСВ во трансфер што се проценува на 55 милиони евра.
Минатата сезона, Саибари постигна 15 голови на 27 натпревари за ПСВ, а импресионира со своите настапи на тековното Светско првенство. Досега постигна два гола за Мароко, во ремито 1-1 со Бразил и победата од 1-0 против Шкотска.
„Како дете сонувате да потпишете договор со голем клуб како Баерн. Сите знаат дека ова е еден од великаните што се борат за трофеи секоја година и сакам да освојам што е можно повеќе титули“, рече Саибари по официјализирање на трансферот.


