Вести
Аудито на Општина Струга на јавна аукција преку извршител
Службениот автомобил на Општина Струга, Ауди А6, за кој се води извршна постапка во петок, 3 јули, повторно ќе биде на продажба на јавна аукција.
Општина Струга ги повикува сите граѓани и заинтересирани субјекти на јавната аукција во 10 часот во просториите на извршител Дејан Костовски од Охрид. Почетна цена од 1.344.636 денари или околу 21.800 евра.
Автомобилот, Ауди А6, кој Општина Струга го купи 67.000 евра, во времето кога градоначалник беше Рамис Мерко предизвика дебата во јавноста дека е набавен во период кога општината била со блокирана сметка. Против Мерко се водеше судски спор, на кој судот во Струга одлучи дека нема вина за набавката на луксузното возило.
јули 3, 2026


