Connect with us

Фудбал

Рамос прво големо засилување на Милан

Португалскиот напаѓач Гонсало Рамос му се приклучи на Милан од европскиот првак ПСЖ со петгодишен договор, објави вечерва италијанскиот клуб.

Милан не ги откри финансиските детали за трансферот, но италијанските медиуми објавија дека ПСЖ ќе добие повеќе од 70 милиони евра, што го прави 25-годишниот португалски репрезентативец најскапиот играч во составот на клубот од Милано.

Рамос, кој е првото големо засилување на Милан под водство на новиот тренер Рубен Аморим, го носеше дресот на ПСЖ од 2023 година и одигра 131 натпревар за парискиот тим во сите натпреварувања. 

Ad
Ad