Вести
Мицкоски: Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата
Премиерот Христијан Мицкоски и членови на Владата денеска одржале работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата.
-Денеска одржавме работен брифинг со амбасадорите на земјите членки на Европската Унија, посветен на реализацијата на Реформската агенда и приоритетите во процесот на европската интеграција на државата. Разговаравме за досега постигнатите резултати, тековните активности и следните чекори за исполнување на реформските обврски – објави Мицкоски на Фејсбук.
Како што посочува заеднички била потврдена важноста од континуирана соработка, транспарентен дијалог и ефикасно спроведување на реформите што ќе придонесат за посилни институции, подобро владеење и забрзување на европскиот пат на Македонија.
– Остануваме посветени на реформите кои носат конкретни придобивки за граѓаните и ја зацврстуваат европската перспектива на државата – нагласува премиерот Мицкоски во објавата
јули 1, 2026


