Вести
Средба Мицкоски-Будрис, разговарале за унапредување на односите и соработката, како и за регионалните и европските прашања
Унапредување на билатералните односи меѓу двете земји, продлабочување на соработка, како и актуелните регионални и европски прашања, биле темите на кои на денешната средба разговарале македонкиот премиер Христијан Мицкоски и литванскиот министер за надворешни работи Кестутис Будрис.
-Денеска остварив средба со Кестутис Будрис, министер за надворешни работи на Република Литванија.На средбата разговаравме за унапредување на билатералните односи меѓу двете пријателски земји, продлабочување на политичката и економската соработка, како и за актуелните регионални и европски прашања, напиша премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Додава дека била потврдена заедничката определба за натамошно јакнење на партнерството, засновано на меѓусебна доверба, соработка и заеднички вредности, со силна поддршка за европската перспектива на Македонија.
јуни 30, 2026


