Connect with us

Фудбал

СП 2026: Горд сум на мојот тим истакна селекторот на Јужна Африка

Репрезентацијата на Јужна Африка е првата која во нок аут фазата на Мундијалот го заврши натпреварувањето. По синоќешниот пораз од Канада (0:1), оваа селекција патува дома, но непријатно за тимот е што противникот победничкиот гол го постигна во судиското надополнување на вториот дел.

–    Денес го загубивме натпреварот затоа што имаше недостаток на моќ и брзина во нашиот тим. Кога го споредувам тоа со нашиот противник, изгубивме многу дуели. Модерниот фудбал е повеќе од техника. Модерниот фудбал е моќ, е брзина. Мислам, ако го немате тоа во вашиот тим и играте против тим кој го има тоа e многу тешко. Но, од друга страна, кога ќе се осврнеме назад, мислам дека можеме да бидеме многу задоволни од она што го направивме. Сите се надеваа, а некои очекуваа дека треба да се пласираме во втората фаза. И ние го направивме тоа. Значи, во ред, разочарани сме, но сакавме да победиме. Но, не мора да бидеме премногу разочарани. Повторно, она што го направивме беше добро и јас сум многу среќен. Многу сум горд на мојот тим, изјави на прес конференцијата селекторот на Јужна Африка Хуго Брус.

Јужна Африка на Мундијалот загуби во првото коло од Мексико (0:2), одигра нерешено со Чешка (1:1) и ја победи Јужна Кореја (1:0) и така избори пласман во 1/16 финалето.

Ad
Ad