Connect with us

Вести

МОН: На двете пријавувања во јуни запишани вкупно 15 705 ученици во средно образование

На првото и второто пријавување во јуни за упис во средните училишта од учевбната 2026/2027 година вкупно се запишале 15 705 ученици.

Како што соопшти Министерството за образование и наука,  11 171 ученици се запишани  за настава на македонски јазик; 4241 за настава на албански јазик; 279 ученици за настава на турски и 14  ученици за настава на српски јазик.

Според видот на образованието, во двете пријавувања запишани се вкупно: 4653 ученици во гимназиско образование, 10 823 ученици во стручно образование. Во Спортска академија се запишани 229 ученици, а во уметничкото образование, стои во објавата на МОН,  се уште не е завршен процесот на селекција.

Второто пријавување беше спроведено на 23 јуни, а доставувањето на потребната документација до училиштата на 24 јуни. Ккао што објави МОН,  во вториот рок во јуни се пријавиле 2927 ученици, од кои: 1457 ученици за настава на македонски јазик; 1369 ученици за настава на албански и 101 ученици за настава на турски јазик и

Како што претходно информираше МОН, на првото пријавување за запишување во средно образование, спроведено со електронско аплицирање од 12 до 15 јуни пријавени беа 15 075, а се запишаа 13 423 ученици (по направена селекција во уметничко образование).

Од нив 9839 ученици за настава на македонски јазик, 3357 за настава на албански, 213 за настава на турски и 14 ученици за настава на српски јазик. 

Ad
Ad