Фудбал
СП 2026: Уругвај елиминиран, историја за Зелено’ртски Острови
Уругвај ноќеска загуби од Шпанија со 1:0 во третиот натпревар од групната фаза на Светското првенство во 2026 година.
Алекс Баена го постигна единствениот гол во 42. минута по грешка на уругвајскиот голман Фернандо Муслера.
Уругвајскиот играч од средниот ред Агустин Канобио беше исклучен во 90+5 минути.
Овој пораз значи елиминација за Уругвајците. За разлика од нив историски пласман во плејофот изборија репрезентативците на Зелено’ртските Острови по нерешените 0:0 ноќеска со Саудиска Арабија.
Шпанија со седум бода е прва во Х-групата, Зелено’ртски Острови се втори со три бода, Уругвај е трет со два, Саудиска Арабија е последна исто така со два освоени бода.
јуни 28, 2026

