Connect with us

Регион

Владата на Србија формира тим за преговори во врска со европскиот режим на роаминг

Владата на Србија на денешната седница усвои Одлука за формирање  тим за водење преговори со Европската комисија за вклучување на Србија во европскиот режим „Роаминг како дома“, со што се создаваат услови за координирани преговори и усогласување на домашната регулаторна рамка со правните текови на ЕУво областа на роамингот.

Вклучувањето на Србија во тој режим ќе им овозможи на граѓаните и економијата поповолно да ги користат услугите за мобилна комуникација при престој во земјите од ЕУ, а одлуката претставува важен чекор во процесот на понатамошна интеграција на Србија во единствениот европски дигитален пазар и зајакнување на соработката со ЕУ во областа на електронските комуникации, се наведува во соопштението.

На седницата беше усвоен Заклучокот за утврдување на основа за водење преговори и склучување на Договор за основање на Светската организација за соработка во областа на вештачката интелигенција, со што Србија стекнува статус на една од членки основачи на таа меѓународна организација.

Беше истакнато дека тоа ќе придонесе за подобрување на научната и технолошката соработка и размена на знаења и искуства во областа на развојот и примената на вештачката интелигенција, како и развој на заеднички истражувачки и иновативни проекти.

Целта на потпишувањето на овој договор е основање на Светската организација за соработка во областа на вештачката интелигенција, како независна меѓувладина меѓународна организација, која е признаена како правен субјект и која ќе дејствува во согласност со одредбите од овој договор, соопшти Владата на Србија.

Ad
Ad