Фудбал
Арсенал го откупи договорот на Хинкапи
Англискиот фудбалски првак Арсенал објави денеска дека ја активирал откупната клаузула во договорот на еквадорскиот репрезентативен дефанзивец Пјеро Хинкапи со германскиот прволигаш Баер Леверкузен.
Вредноста на трансферот изнесува 52 милиони евра.
Во својата прва сезона во Арсенал, еквадорскиот репрезентативец одигра 39 натпревари и беше дел од тимот на Микел Артета кој ја освои Премиер лигата.
Баер Леверкузен потврди дека 24-годишниот дефанзивец нема да се врати во Германија.
„Условите за опцијата за купување се исполнети и затоа дефанзивецот Хинкапи ќе ја продолжи својата кариера во лондонскиот клуб во Премиер лигата во наредните години“, соопштија од Леверкузен.


