Политика
ВМРО-ДПМНЕ: Од СДС пак со измислици, Филипче да каже јасно кои се неговите компании во Петрич и како профитираат
Од СДС да престанат со ширење на лаги и да ја манипулираат јавноста и да се фатат за работа, во земјава е потребна конструктивна опозиција, а не опозиција која секојдневно измислува приказни, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Генералниот секретар на Владата, Игор Јанушев, никогаш не аплицирал за никакво друго државјанство, а не пак за бугарско, и не остварил приход од фирмата во Бугарија.
А ако веќе држат прес-конференции на темава, тогаш претседателот на СДС, Филипче, нека одговори неговите неколку компании регистрирани во Бугарија, во Петрич на улица Гоце Делчев број 12 , што точно работат и од каде е профитот.
Математиката на СДС е да не работат ништо додека се во опозиција и само да ја дезинформираат јавноста, а преку додворување на странски власти да се обидат да дојдат некако на власт.
Две години се опозиција, ништо немаат понудено, бегаат од работни групи, не гласаат за ништо во Собрание, што е од општествен интерес, се караат со медиуми, спинуваат изјави на странски амбасадори во земјава, и се занимаваат со се освен со тоа што им е работа.
јуни 24, 2026

