Connect with us

Вести

Мицкоски: Преговорите за реконструкција на Владата траат, за неколку дена се ќе биде познато

За неколку дена ќе биде познат исходот од тековните преговори за реконструкција на Владата, изјави премиерот Христијан Мицкоски кој денеска присуствуваше на промоција на учебници во ОУ „Љубен Лапе“. 

– Сега траат преговорите за реконструкција на Владата и ве молам за трпение, за неколку дена сè ќе биде познато – рече Мицкоски, на новинарско прашање кој бил најуспешен министер и дали имало неуспешни.

Мицкоски, прашан дали има место за нови партнери во Владината коалиција и дали на таа тема би разговарал со Арбен Таравари кој вчера во телевизиско интервју не ја исклучи можноста за разговори повторно да стане дел од Владата, ако добие гаранции околу евроинтеграциите на државата, одговори дека „нема поголема гаранција  за евроинтегративниот пат од раскинување на договорот со Ѓока констракшн“.

-Вакви работи не се разговараат преку медиуми – рече Мицкоски.

Ad
Ad