Connect with us

Вести

Шпекулации во јавноста за владината реконструкција, премиерот најавува финализирање на процесот во текот на викендот

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека првичните разговори во рамки на коалицијата за реконструкција на Владата се конструктивни и најави дека неделава тие ќе продолжат, а очекува во текот на викендот и да завршат.

-Во првите разговори преовладува конструктивен амбиент. Во текот на оваа недела повторно ќе имаме средби, јас очекувам тоа да бидат завршни, а  во текот на викендот да се формализира сето тоа и со имиња, и со останати специфики, потенцира Мицкоски во одговор на новинарско прашање по учеството на Годишниот состанок на Управниот одбор на Центарот за извонредност во финансиите – ЦЕФ (2026 Annual Meeting of the CEF Governing Board).

Додаде дека во рамки на разговорите станало забор и за опција за промена на ресори.

Во меѓувреме, во политичките кругови и во јавноста сè погласни се шпекулациите околу можните кадровски промени. Иако Владата не соопштила официјален список на функционери кои би можеле да бидат разрешени, најчесто се споменуваат министерот за спорт Борко Ристовски, министерот за култура и туризам Зоран Љутков, министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, како и министерот за правда Игор Филков кој доаѓа од редовите на ЗНАМ.

Ad
Ad