Connect with us

Регион

Калас: Изборите во Косово отвораат нова страница, дијалогот со Белград е клучен за патот кон ЕУ

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, изјави дека демократските и инклузивни избори во Косово отвораат врата за свртување нова страница по повеќе од една година политички ќор-сокак.

Калас во објава на „Икс“ напиша дека напредокот во дијалогот Белград – Приштина и нормализацијата на односите со Србија сè уште се клучни за напредокот на Косово на неговиот европски пат.

„Политичките лидери сега треба конструктивно да се вклучат за да се обезбеди брзо формирање на владата“, додаде таа.

Централната изборна комисија на Косово синоќа ги објави прелиминарните резултати од изборите за косовскиот парламент, според кои Самоопределување доби најмногу гласови – 43,43 проценти.

Според податоците од синоќа, Демократската партија на Косово имаше 21,36 процент, Демократскиот сојуз на Косово освои 17,86 проценти. Алијансата освои 7,13 проценти од гласовите, а Српската листа освои 5,90 проценти од гласовите.

Ad
Ad