Свет
Главниот обвинител на МКС, Кан, привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување
Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС), Карим Кан, синоќа е привремено суспендиран од должноста поради обвинувања за сексуално вознемирување.
Конечната одлука за неговото евентуално отстранување ќе биде донесена на посебна седница на земјите членки на МКС.
Одлуката за привремена суспензија на Кан, како што соопшти МКС, е заснована на „извештајот од истрагата спроведена од Службата за внатрешен надзор на ОН, придружните докази, мислењето на посебна група форензички експерти и писмени изјави“.
Во 2024 година колешка го обвини британскиот обвинител Кан за сексуално вознемирување. Таа тврди дека тој подолг период ја вознемирувал и ја принудувал на секс.
Комисија на ОН ги истражи обвинувањата и го поднесе својот извештај во декември 2025 година. Извештајот не е објавен. Тројца судии од Меѓународниот кривичен суд поднесоа правно мислење врз основа на истрагата. Тоа мислење исто така не е објавено.
Кан (56) ги негира сите обвиненија.
Кан беше главен обвинител на МКС од 2021 година и издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и рускиот претседател Владимир Путин.
јуни 10, 2026


