Connect with us

Регион

Косовската дијаспора, пред утрешните предвремени парламентарни избори, гласа во дипломатските претставништва

Косовските граѓани кои живеат во странство денеска гласаат во дипломатските мисии ширум светот, еден ден пред предвремените парламентарни избори во земјата.

Според косовската Централна изборна комисија (ЦИК), гласањето се одвива во 17 амбасади и 13 конзулати во 18 држави. Претседателот на ЦИК, Валмир Елези изјави дека 27.724 косовски државјани се пријавиле за гласање во странство.

Денеска завршува и процесот на гласање по пошта, за кое се регистрирале 104.000 граѓани.

На третите парламентарни избори за 1,5 година, што ќе се одржат утре регистрирани 2.092.174 лица со право на глас, што е за 15.884 повеќе од предвремените парламентарни избори што се одржаа на 28 декември 2025 година.

Косово е во политичка криза од февруари 2025 година, по неуспешниот обид за избор на претседател на парламентот и формирање влада. На предвремените парламентарни избори во 2025 година Движењето Самоопределување на премиерот Албин Курти го обезбеди потребното мнозинство за формирање влада, но неговите предлози за избор на претседател не ја добија потребната поддршка во парламентот, што доведе до распуштање на законодавното тело и распишување нови избори.

Ad
Ad