Свет
Претставничкиот дом на САД усвои резолуција за прекин на воените дејства против Иран
Претставничкиот дом на Конгресот на САД усвои резолуција со која се бара прекин на воените дејства против Иран, без претходно одобрение од Конгресот.
Резолуцијата, предводена од демократите, беше усвоена со 215 глас „за“ и 208 „против“, а ја поддржаа и четворица републикански конгресмени.
Иако гласањето претставува политички удар за претседателот Доналд Трамп, мерката засега има симболично значење бидејќи, за да стапи во сила, резолуцијата би морало да ја усвои и Сенатот, а за надминување на очекуваното претседателско вето би било потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот.
Гласањето следуваше по три претходни неуспешни обиди за усвојување слични резолуции во Претставничкиот дом, при што разликата меѓу поддржувачите и противниците стануваше сè помала.
Сенатот минатиот месец, по седум неуспешни обиди, во процедурално гласање усвои посебна, но содржински слична резолуција за воените овластувања
јуни 5, 2026


