Свет
Соборени 30 украински дронови над Ленинградската област, неутрализирани 13 беспилотни летала упатени кон Москва
Руската армија соборила 30 украински дронови над Ленинградската област, како и 13 беспилотни летала што се движеле кон руската престолнина, соопштија локалните власти.
Во меѓувреме, граѓани на Санкт Петерсбург објавуваат фотографии на социјалните мрежи на кои се гледа чад како се извива над рафинеријата во градот.
Гувернерот на Ленинградската област, Александар Дрозденко, изјави дека руската противвоздушна одбрана соборила 30 дрона како и дека продолжува да ги одбива нападите, без каква било информација за пожар во петерсбуршкиот нафтен терминал.
Во исто време, градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, соопшти дека сите дронови насочени кон Москва биле неутрализирани.
Ленинградската област е значаен енергетски регион со клучна инфраструктура за извоз на нафта и големи рафинерии, а во Санкт Петербург деновиве се одржува меѓународен економски форум на кој присуствува рускиот претседател, Владимир Путин.
Руските власти јавуваат за напади со дронови и во други региони, при што се регистрирани оштетувања на објекти, но без жртви.
јуни 4, 2026
