Connect with us

Свет

CENTCOM: Американската војска онеспособи танкер за нафта што се обидувал да доплови во иранско пристаниште

 Централната команда на американската војска (CENTCOM) синоќа објави дека го онеспособила танкерот за нафта „Лекси“, што пловел под знамето на Боцвана, поради тоа што не ги почитувал прописите во Ормуската Теснина и се обидел да отплови кон иранско пристаниште во Персискиот Залив.

CENTCOM во соопштението на Икс изјави дека „бил онеспособен празен танкер за нафта“ додека пловел низ меѓународни води кон иранскиот остров Харг, откако екипажот на бродот ги игнорирал повторените предупредувања и не ги послушал упатствата од американските сили повеќе пати во текот на 24 часа.

„Американскиот авион на крајот го онеспособи бродот со испукување ракета „Хелфаер“ во машинската просторија на бродот, што го спречило танкерот да стигне до Иран“, се наведува во соопштението.

На 13 април, CENTCOM започна со спроведување блокада на целиот поморски сообраќај што влегува и излегува од иранските пристаништа, а досега американските сили онеспособиле шест комерцијални бродови и пренасочиле 122 брода.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1