Connect with us

Свет

Нафтата поскапе за речиси осум отсто по веста дека Иран ги прекинува контактите со САД

Цените на американската нафта ВТИ (WTI) скокнаа за речиси осум отсто и надминаа 94 долари за барел, по извештаите дека Иран би можел да ги прекине контактите со САД поради ескалацијата на израелските воени операции во Либан.

Според податоците од берзите во 16:00 часот, цената на нафтата ВТИ порасна за 7,84 отсто на 94,109 долари за барел, а на нафтата Брент (Brent) за 6,53 отсто на 97,060 долари.

Иранската новинска агенција Тасним пренесе дека Техеран одлучил да ги прекине дипломатските контакти со Вашингтон во знак на протест поради ескалацијата на израелските воени акции во Либан.

Инвеститорите стравуваат дека новиот скок на цените на енергенсите би можел повторно да ја разгори глобалната инфлација, што веднаш доведе до пад на вредноста на државните обврзници, додека водечките берзански индекси почнаа да варираат по серијата историски рекорди.

Маркетинг
Ad 1
Ad 1