Свет
Д-р Патрик Сун-Шионг: Мојот најголем страв денес е појавата на т.н. турбоканцери
Мојот најголем страв денес е појавата на таканаречените турбоканцери. Првпат гледам мали деца со рак на панкреасот и рак на дебелото црево. Две деца, на возраст од 12 и 13 години, починаа од метастатски рак на панкреасот. Што се случува?
Според мене, дел од објаснувањето е периодот по ководот. На една наша конференција објавивме дека ковидот, за жал, може да влијае на сличен начин како ХПВ и хепатитисот, односно да има онкогени својства.
Тоа беше една од најтешките работи што сум морал да ги кажам јавно. Затоа поканив научници од УКЛА и од Сан Франциско, кои потврдија дека се соочуваме со зголемена имуносупресија и појава на агресивни форми на рак – изјави д-р Патрик Сун-Шионг во емисијата на Тони Лионс, претседател на невладината MAHA action, чија цел е поддршка на напорите на министерот за здравство Роберт Кенеди Јуниор и поддржувач на акцијата „Да ја направиме Америка повторно здрава“.
Д-р Сун-Шионг е американски хирург, специјализира за рак на панкреас и милијардер, кој се збогатил како научник со изумување нови лекови против канцер. Сега тврди дека сегашниот начин на лекување е грешка бидејќи со сегашното лекување, всушност, се уништува имунолошкиот систем на болните и тоа води кон смртен исход.
„Јас сум хирург од УКЛА (Универзитет во Калифорнија – Лос Анџелес) веќе 45 години и сум видел многу пациенти со рак. Според мене, со децении пристапуваме погрешно третирајќи ги со хемотерапија и зрачење како главни средства за лекување на ракот.
Проблемот е што со тоа уништуваме клетка што еволуирала повеќе од 450 милиони години, таканаречената природна клетка убиец (Natural Killer Cell или НК-клетка). За оваа клетка го напишав мојот прв научен труд во 1990 година. Тоа е клетката што нè штити од рак“, вели д-р Сун-Шионг.
Според него, денес, и САД, но и како нација, а и целиот свет, се соочуваат со она што тој го нарекува епидемија на рак. Кое е решението што тој го нуди?
„Во последните 15-20 години најголемиот дел од мојата работа е насочен кон НК-клетките. Сите ние ги имаме во организмот. Но, кога ќе добиете инфекција, ковид, хемотерапија или радиотерапија, овие клетки се уништуваат. За мене, тоа нема логика.
Постојат многу причини поради кои се форсираат хемотерапијата, високодозната хемотерапија и високодозното зрачење. Не велам дека тие не треба да се користат, но мора да се заштитат НК-клетките.
Нашето тело има и цитокин наречен IL-15. Националниот институт за рак во САД уште во 2012 година го идентификува како една од најважните молекули во борбата против ракот.
На тоа ја посветив мојата кариера. Денес, постои одобрена терапија од ФДА, базирана на IL-15, но само за рак на мочниот меур. Паралелно работев со пациенти со глиобластом, тројно негативен рак на дојка, рак на глава и врат и Меркелов карцином, а кај некои од нив гледаме целосни одговори на терапијата“, вели д-р Сун-Шионг.
Всушност, станува збор за неговата вакцина „анктива“, со која, наједноставно кажано (иако процесот е малку посложен), во организмот се внесува протеинот IL-15, кој ги активира природните клетки убијци, а тие го напаѓаат канцерот откога претходно тој бидува изложен со мала доза хемотерапија. ФДА се обидува да го реши проблемот на истиот начин, но таа, според Сун-Шионг, успева да го задржи IL-15 активен само два часа, што е недоволно за да ги активира НК-клетките, а нему му успеало IL-15 да биде активен седум дена и на тој начин да го реши проблемот.
„Затоа велам дека не можеме повторно да ја направиме Америка здрава ако не се справиме со хроничните болести, како ХИВ, дијабетесот и ракот.
Неодамна имавме средби со регулаторните власти, но и со владата на Саудиска Арабија. Тие ни рекоа: „Имаме 37 милиони жители, просечната возраст е 30 години и ја сакаме оваа терапија за нашата нација.“ Денес таа е одобрена во Саудиска Арабија.
Тажната страна е што во моментот имам речиси 13.000 барања од пациенти што очајно ја бараат оваа терапија. Некои прашуваат дали може да отпатуваат во Саудиска Арабија за да ја добијат.
Треба да ја донесеме оваа терапија овде. Таа е развиена тука и токму тоа го подразбирам под „Америка на прво место“, вели д-р Сун-Шионг при гостувањето кај Лионс.
„Набргу ќе објавам создавање на нешто што го нарекувам светска банка на природни клетки убијци. Денес можеме да земеме крв од човек, да одгледаме милијарди НК-клетки, да ги складираме и да ги имаме подготвени и активирани доколку некогаш се појави инфекција, рак или сепса. Приказната е сложена, но не е неразбирлива“, истакнува докторот.
Инаку, Сун-Шионг со години се обидува да добие одобрение за неговиот лек вакцина, но ФДА одбива – бара посебно клиничко испитување за секој посебен вид рак, а на забелешката што му ја упатил на еден негов соговорник од ФДА дека тоа може да трае со години, а во меѓувреме луѓето умираат, му било кажано: „Не ми е гајле!“ Во интервјуто во кое тој тоа го соопшти, рече: „Кога го слушнав тоа, само што не паднав од столот“.
Во интерјуто со Меган Кели тој истакна:
„Кога примате хемотерапија, кога примате зрачење, погодете што прави тоа? Ги уништува вашите НК-клетки и Т-клетките (природни клетки убијци и Т-клетките, и двете одговорни за да ве заштитат од рак, н.з.) . Размислете што правиме веќе 40 години. Нѐ обучуваа, како што веќе реков, да размислуваме краткорочно, со идеја дека туморот се намалува со хемотерапија и зрачење. Тоа во жаргонот на ФДА го нарекувате одговор, односно стапка на одговор. Но потоа доаѓа до метастази и потоа луѓето умираат. А причината зошто добиваат метастази е што, за да се постигне тој краткорочен одговор на намалување на туморот, ги уништувате токму клетките што ви даваат имунолошка меморија и ви овозможуваат долг живот, долг животен век“.
Во интервјуто, пак. кај Такер Карлсон, д-р Сун-Шионг изјави:
„Земете телефон и свртете на кој било онколог, без намера да го омаловажувате, и прашајте го: Вие им правите крвна слика на пациентите, така? На луѓето им е јасно тоа, нели? Тоа е онаа епрувета со црвени крвни зрнца. И ние даваме хемотарапија, радиозрачење. И прашајте го што гледаме во крвната слика.
Па, гледаме дали сте анемични. За да ви дадеме лек „епоген“ ако сте анемични. Гледаме дали ви се ниски крвните плочки за да ви дадеме трансфузија ако тие се под нормалната вредност. Гледаме дали неутрофилите ви се ниски за да не добиете инфекција наречена неутрофилна треска, па ви даваме „драгоген“.
Но, прашањето е дали црвените крвни клетки лекуваат канцер? Не! Дали крвните плочки лекуваат канцер? Не! Дали неутрофилите лекуваат канцер? Не!
Што го убива канцерот? Природните клетки убијци (НК) и Т-клетките. И во крвната слика има една работа што се вика лимфоцити, така? И прашајте го дали ги гледа лимфоцитите? Не! Единствената клетка што е важна и која ги убива канцер клетките – 99,9 отсто од онколозите не ја гледаат нејзината вредност во крвната слика“.
јуни 2, 2026
